Вклучувањето на жените во процесите на одлучување е од суштинско значење за праведно, еднакво и развиено општество, изјави портаролот на Владата на Северна Македонија Венера Азизи по средбата со Едлира Чeпани, активистка и координатор на Мрежата на жените на Албанија “Еднаквост во одлучувањето”.
“Со г-ѓа Чепани разговаравме за важноста за зајакнувањето на жените и активното вклучување на жените во политиката. Оваа посветеност е од витално значење за да се обезбедат еднакви можности и да се гарантира дека жените имаат влијание врз политиките кои ја обликуваат иднината на општеството”, рече Азизи по средбата која беше оддржана во пресрет на 8 Март -Меѓународниот ден на жената.
Таа понатаму додаде дека жените, како половина од населението, носат клучни идеи и перспективи за развојот на општеството. “Без нивно еднакво учество не може да се постигне целосниот потенцијал на општеството. Студиите и научните истражувања покажаа дека учеството на жените во политиката и економијата има значително влијание врз развојот на државата и општеството”, рече портпаролот на Владата, Венера Азизи.