Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост, во солзи и тишина даваме почит за жртвите

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар.  

Во овие тешки моменти, Кочани, Македонија и целиот наш народ тагуваат за младите животи што згаснаа прерано, за соништата што останаа неостварени.  

„Денес, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир,“ напиша премиерот Мицкоски во Книгата на жалост.  

Посетата беше чин на длабока почит и солидарност со семејствата кои поминуваат низ најтешките моменти. Владата останува посветена на целосно расчистување на трагедијата и поддршка на погодените.