Јавен oглас Бр.33/2025 за именување на заменик-директор на Управата за јавни приходи

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
25.03.2025

 

Врз основа на член 10 став (1), став (2), став (3)  и став (4) од Законот за управата за јавни приходи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/14, 61/15, 27/16, 35/18, 83/2018 и 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 87/23 и 3/25), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.33/2025

за именување на заменик-директор на Управата за јавни приходи

 

  1.  Владата на Република Северна Македонија ќе именува заменик-директор на Управата за јавни приходи, на предлог на министерот за финансии, за период од четири години.
  2. За заменик-директор на Управата за јавни приходи може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  3. Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
  4. Да има најмалку пет години работно искуство;
  5. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик  не постар од пет години:
    • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

 

  1. За заменик-директор на Управата за јавни приходи може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf,

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx

 

  1. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
  1. Пријава по оглас;
  2. Кратка биографија;
  3. Мотивациско писмо;
  4. План и програма за идна работа;
  5. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  7. Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
  8. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
  9. Меѓународно признат сертификат или уверенија за активно познавање на англиски јазик  не постар од пет години:
  • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
  • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
  • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
  • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

 

  1. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на заменик-директор на Управата за јавни приходи“.

 

  1. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  2. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните одбори и слични тела).
  3. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
  4. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  5. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  6. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.