Интерен оглас бр.1/2025 за унапредување на административни службеници
Врз основа на член 10, член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 05/16, 142/16, 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19, 14/20, 112/20, 215/21 и 99/22), и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.259/2024) Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2025
ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Се распишува интерен оглас за унапредување на административни службеници во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за следниве работни места:
- Шифра: УПР0101Б01000
Звање и назив на работното место Државен советник за меѓународни односи и соработка со меѓународни институции и организации
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место под реден број 1:
- степен на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- вид на образование: високо образование
- работно искуство: најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор
Посебни работни компетенции за работното место под реден број 1:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
За работното место под реден број 1 паричниот нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 43.790,00
- Шифра: УПР0101Б01000
Звање и назив на работното место Државен советник за надворешна политика и европски прашања
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место под реден број 2:
- степен на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- вид на образование: Политички науки, Правни науки, Економски науки
- работно искуство: најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор
Посебни работни компетенции за работното место под реден број 2:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
За работното место под реден број 2 паричниот нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 43.790,00
- Шифра: УПР0101Б01000
Звање и назив на работното место Државен советник за односи со јавност и протокол
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место под реден број 3:
- степен на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- вид на образование: Општествени науки (политички науки, медиуми и комуникација, економија и бизнис)
- работно искуство: најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор
Посебни работни компетенции за работното место под реден број 3:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
За работното место под реден број 3 паричниот нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 43.790,00
- Шифра: УПР0101Б01000
Звање и назив на работното место Државен советник за политички прашања
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место под реден број 4:
- степен на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- вид на образование: Правни науки, Политички науки, Економски Науки
- работно искуство: најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор
Посебни работни компетенции за работното место под реден број 4:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
За работното место под реден број 4 паричниот нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 43.790,00
- Шифра: УПР0101Б02000
Звање и назив на работното место Раководител на сектор за односи со јавност и протокол
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место под реден број 5:
- степен на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- вид на образование: Општествени науки
- работно искуство: најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции за работното место под реден број 5:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
За работното место под реден број 5, паричниот нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 42.680,00
- Шифра: УПР0101В02000
Звање и назив на работното место Виш соработник за административно оперативна работа
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место под реден број 6:
- степен на образование: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент), Статистика
- работно искуство: две години работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции за работното место под реден број 6:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
За работното место под реден број 6, паричниот нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 28.032,00
Општи услови за работните места под реден број 1, 2, 3, 4, 5 и 6:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време за работните места под реден број 1, 2, 3, 4, 5 и 6:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, да ги достават до Секторот за човечки ресурси. Воедно, пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата да се достават во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас на службената електронска адреса на Секторот за човечки ресурси: scr@primeminister.gov.mk
Кон пријавата кандидатите можат да приложат и:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.
Со почит,