Николоски: Визијата за развој на Охрид и охридскиот регион ја реализираме со новата авиолинија Охрид-Истанбул

Задоволство е да сме тука на пристигнатиот прв лет од Истанбул за Охрид. Ова е дел од новата политика што ја води Владата и сакам да се заблагодарам на премиерот на поддршката и визијата, да не подржи минатата година кога му ја презентиравме оваа визија. Таа ги дава своите резултати, имаме 10 нови дестинации кон македонските аеродроми, две се овде во Охрид, едната е Истанбул-Охрид, втората е Базел-Охрид, имаме осум нови дестинации кон Скопје. Веќе следната недела на 2 април го имаме првиот лет од аеродромот Орли, од Париз до Скопје и очекувам дека овие дестинации ќе се зголемуваат. Би сакал да се заблагодарам на Туркиш ерлајнс што го избра Охрид и мислам дека тоа е голема работа за аеродромот и ќе донесе нова димензија.

Ова директна линија ќе значи многу за туризмот така и за развој на бизнисот и на комуникациите затоа што многу конектинг летови ќе одат преку аеродромот во Истанбул. Веќе познавам луѓе кои имаат купено карти од Сиднеј за Охрид, од Вашингтон за Охрид и тоа е голема шанса за целиот регион, за Охрид, за Струга и Кичево, за Битола и соседна Албанија, затоа што очекувам бројни жители на Албанија да го користат охридскиот аеродром. Подршката ќе продолжи и во периодот што следува и секако со завршувањето на автопатот прво со Охрид - Кичево, па потоа и Кичево-Букојчани, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово и едно целосно автопатско поврзување, мислам дека охридскиот аеродром ќе има една нова димензија и многу повеќе патници.

Нека е со среќа, се обрати вицепремиерот Николоски.