Почитувани,
Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите земјоделци.
За таа цел објавен е јавен повик за Мерката 112 со кој обезбедуваме помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Вредноста на грантот изнесува 600.000 денари или 10.000 евра, односно 100% од направените трошоци.
Условите кои треба да се исполнат се:
-лицето кое аплицира да биде на возраст од 18 до 40 години,
-истиот за првпат да започнува со земјоделска активност,
-да преземе постоечко или воспостави ново земјоделско стопанство,
- и да е запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци. Крајниот рок за доставување на барањата е до 9 мај годинава.
Преку мерки и проекти нашата заложба како Влада е да инвестираме во развој на македонското земјоделство, истото да го направиме поконкурентно на пазарот и да отвориме нови работни места за да го зголемиме доходот на земјоделците.
Владата го враќа изгубеното достоинство на земјоделците. Нивниот труд почнува соодветно да се вреднува.
Нашиот фокус е инвестициите во земјоделството да бидат исплатливи и затоа продолжуваме со интензивна поддршка на земјоделскиот сектор.
Младите имаат одлична можност да започнат свој бизнис и да ги искористат можностите кои ги создаваме.
Ветивме, се обврзавме и испорачуваме. Владата останува посветена во носење на мерки и проекти за земјоделците.
Со почит,