Регионалната конференција „Одржливост на реформите-кон целите на ЕУ 2020“
Оваа 2012 година беше мошне успешна за Република Македонија пред се заради позитивните постигнувања како што е предпристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ, оцени вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи на Регионалната конференција „Одржливост на реформите-кон целите на ЕУ 2020“, што се одржува денеска во Скопје.
Денешната конференција, посочи таа, ќе даде можност да се испрати силна порака дека интеграцијата во ЕУ останува врвен стратешки приоритет на сите нас во регионот.
- Како потенцијална земја - членка и сите ние како потенцијални земји - членки во процес на усвојување на европските стандарди во нашето општество, потребни се заеднички справувања со заедничките предизвици кои се двигатели на интегративните процеси, бидејќи ние имаме сите зањедничка иднина како полноправни земји - членки на ЕУ, рече Арифи, додавајќи оти регионалната соработка е неопходна за економски раст и просперитет.
Премиерот Никола Груевски смета дека стратегијата Европа 20/20 претставува најважна економска стратегија на ЕУ во моментов, и оти сопримена на овие реформи се очекува да се подготви економијата на Европа за следната декада.
- Ова е стратегија со која Европа во глобални рамки ќе се развие во паметна, одржлива и инклузивна економија. Петте амбициозни цели - вработување, иновации, образование, социјална вклученост и климатски промени и енергија кои треба да се реализираат до 2020 година претставуваат цели на иднината на Европа во која сите сакаме да живееме. Македонија е целосно насочена кон реализација на целите од оваа стратегија. Во континуитет креира и спроведува политики, стратегии и мерки насочени кон обезбедување сеопфатен економски раст за нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето на на Регионалната конференција „Одржливост на реформите-кон целите на ЕУ 2020“.
Во моменти кога, како што истакна, ЕУ се соочува со големи предизвици и гради нов моментум за економска, политичка и финансиска интеграција политиката на проширување продолжува да биде основата на првичната идеја за Европа - мир, безбедност и проспиритет на европскиот континент, поради што успешната приказна на проширувањето треба да продолжи.
- Тоа не се одразува само во идните земји членки туку ја зајакнува силата на Унијата која се образува во посилен и обединет континент и го зајакнува својот капацитет како глобален актер. Последното проширување овозможи заемни придобивки од подлабока интеграција, експанизија на единствениот пазар, зголемни инвестиции и поголеми можности за вработување. Европската комисија го знае тоа и затоа четврта година по ред препорачува дека пристапните преговори со Македонија треба да почнат, истакна Груевски додавајќќи дека обединувањето на Европа без Балканот како интегрален дел од европската конструкција не е можно.
Македонија, рече, е вреден кандидат кој години наназад целосно ги исполнува своите обврски, е партнер од доверба на меѓународната заедница и фактор на стабилност на Балаканот, придонесува за безбедноста во регионот и пошироко. Притоа посочи на се она што го направила да обезбеди раст, да изгради функционален македонски модел на демокаратија и демократска модерна држава.
- На врвот на приоритетите ни се добрите меѓусоседски односи, кои се од суштинско значење за развојот на нашата земја. Нашиот економски развој зависи од квалитетот на меѓусебните врски, а нашето мултиетничко општсетво се рефлектира во културните врски со нашите соседи. Затоа континуирано работиме на јакнењето на односите со сите соседи, рече Груевски.
Македонија, додаде, покрај се она што направи досега, ќе продолжи проактивно да работи на унапредување на добрососедските односи и на градењето на мостови на соработка со сите соседи за градење европска иднина базирана на европските принципи и вредности, со почитување на меѓусебните чувствителности.
Според генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската унија Стефано Санино, проширувањето останува високо во приоритетите на ЕУ, а 2012 година беше важана за процесот на проширување.
Кога земјите претенденти за членство ќе ги исполнат своите обврски, подвлече меѓу другото, и ЕУ ќе ја исполни нејзината обврска. Во оваа фаза, според него, е важно да се запази таа динамика во насока на исполнување на целите на политиката за проширување и зајакнување на борбите против организираниот криминал и корупцијата, реформите во јавната администрација, како и владеењето на правото.
- Треба да се осигураме дека сите земји се подготвени за приклучување во ЕУ, која што ќе биде во иднина, а не која што е сега или која била во минатото. Тоа е важна точка што треба да се нотира во нашето работење, порача Санино.
Според генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската унија, зголемувањето на стапката на вработеноста, зајакнување на фискалната политика, инвестиции, иновции, се дел од зедничките предизвици на земјите од регионот за нивниот развој, а во насока на регионалната соработка во рамки на агендата на ЕУ 2020.
- Пристапниот дијалог на високо ниво е добар пример како може да се справат земјите со нови промени. ЕК заедно со Владата воспоставија нова платформа врз оснва на конструктивен дијалог, а врз што пак Владата донесе патоказ што даде многу добри конкретни резултати и напредок во клучни области. Донесувањето на законската регулатива за слободата на изразувањето и декриминализацијата на клеветата Македонија испраќа силен сигнал за своите заложи кон основните вредности. Реформите во изборбната рамка во насока на локалните избори во март следната година е клучна порака од страна на вас. Овој процес донесе нова енергија и видливост на нашите заеднички напори и ве уверувам дека сите земји - членки ја следат работата која се прави во рамки на предпристапниот дијалог на високо ниво. Тоа го поплочи патот за препораката која беше потврдена за отпочнување на преговорите, појасни меѓу другото Санино. Тој се согласи со премиерот Груевски дека добрососедските односи, ја претставуваат основата односно темелите на европската конструкција.
Повторената препорака на ЕК за отпочнување на пристапните преговори, нагласи меѓу другото заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров, претставува признание на реформите и политиките кои ги спроведуваме, а тие не се насочени само кон исполнување на обврските кои ги налага евоинтерацијата, туку, укажа, тие придонесуваат за подобрување на севкупната регионална безбедност и стабилност, а пред се насочени кон подобрување на животот и стандардот на граѓаните на нашите земји.