Граѓаните на кои не им е укажана лекарска помош да се обратат во Министерството
Министерството за здравство ги повикува сите граѓани кои имале потреба од здравствена заштита во здравствените установи во Република Македонија, особено оние со малигни, но и други потешки заболувања и им била потребна хируршка интервенција, при што не им била укажана здравствената заштита поради штрајкот на лекарите веднаш да го известат Министерството.
Министерството за здравство соопшти дека ќе постапи согласно законските норми и прописи во насока на заштита на животот и здравјето на граѓаните, како и навремено обезбедување на неопходната здравствена заштита.
Сите граѓани кои не добиле соодветна здравствена заштита можат да се обратат во Министерството за здравство на телефоните 02 3123 009 и 076 445 818.