Владата го разгледа и усвои дополнетиот предлог на Буџетот за 2013 година и го достави до Собранието
Владата на Република Македонија, вечерва(недела, 23.12.2012 година), согласно закон и процедура ги доби од Собранието на Република Македонија извештаите на собраниските комисии во однос на предлогот на Буџетот за 2013 година.
Владата на вечерашната седница, согласно закон и процедура го разгледа и усвои дополнетиот предлог на Буџетот за 2013 година и го достави истиот до Собранието на усвојување.
Владата работи и се однесува конструктивно и одговорно, согласно законите и во интерес на граѓаните и нивните права, интереси и потреби.