Економската дипломатија-тема на вториот ден од aмбасадорскиот совет

Економската дипломатска активност во 2012 и планираните активности за следната година беа централна тема на денешниот втор ден од работниот состанок на министерот за надворешни работи Никола Попоски со шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Како што соопшти МНР, Попоски имаше и посебна средба со економските промотори од Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Во своето обраќање, тој ги истакна резултатите од досегашната соработка во делот на реализација на економската дипломатија и укажа на идните активности во оваа област. Во продолжението на работната средба со шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, министерот Попоски го образложи начинот на оценување во делот на економските активности за трите квартали во 2012 година, а беше дискутирано и околу критериумите кои во овој едногодишен пилот - проект беа основ за оценување.

Министерот Никола Попоски на традиционланиот амбасадорски совет, се осврна и на идните приоритети во делот на економската дипломатија во 2013 година и на новата методологија што ќе следи во наредниот период, стои во соопштението од МНР.