Попоски се сретна со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт-Хинрих Аренс

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска се сретна со Герт-Хинрих Аренс, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори 2013 година.

Министерот Попоски, на средбата ја истакнал подготвеноста на МНР да даде помош и логистичка поддршка на Мисијата за набљудување на изборите, како и за активностите кои се преземаат со цел спроведување на фер и демократски избори.

За време на средбата било изразено взаемно задоволство за соработката со меѓународните набљудувачки мисии во досегашните изборни циклуси, како и очекување таа да продолжи и во иднина.