Јанкулоска: Визната либерализација е една од клучните придобивки од процесот на интеграција на Македонија во ЕУ
Феноменот на зголемениот број неосновани барање за азил во ЕУ земјите, предизвика особена загриженост во земјата поради што сите надлежни институции во континуитет преземаа серија енергични мерки за превенирање на истата. Сеопфатно и институционално се фокусиравме на сите аспекти што ја тангираат превентивата на каква било злоупотреба на визната либерализација, притоа демонстрирајќи ја целосната политичка волја и институционална решеност оваа појава да се анулира во целост, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во обраќањето денеска на конференцијата на министри за внатрешни работи на земјите од Југоисточна Европа во рамки на т.н. „Салцбург Форум“ што се одржува во Софија,Бугарија.
На работната сесија посветена на Шенгенскиот договор и визната либерализација, Јанкулоска ги нотираше сите досегашни мерки и активности што македонските институции ги превземаа во правец на превенирање на злоупотребата на визната либерализација. Нагласувајќи дека визната либерализација е една од клучните продобивки од процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ, таа подвлече оти за спречување на злоупотребата на визната либерализација се направени измени на Кривичниот Законик, измени во Законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија со кои се предвидува можноста за одземање на издаден пасош, односно одбивање на барањето за издавање пасош или виза во рок од една година, доколку лицето е присилно вратено или протерано од друга држава поради постапување спротивно на прописите за влез и престој во таа држава. Напоредно со ова, од страна на МВР континуирано се спроведуваат засилени контроли на граничните премини насочени кон македонските граѓани и користејќи го методот на анализа на ризик утврден е профилот на т.н. „лажни“ баратели на азил. Таа информира дека за откривање и превенција на организираните облици на врбување и измама на македонските државјани, спроведени се голем број на оперативни акции, како и контроли на туристичките агенции. Досега се спроведени 278 контроли во 106 туристички агенции, 37 друштва за превоз на патници и 22 лица превозници. Како резултат од извршените контроли поднесени се две кривични пријави против четири лица.МВР меѓу другото во соработка со Ромските информациони центри и Миграциони Центри започна со реализација на проектот наречен „Стоп за злоупотреба на визната либерализација“, за подигање на јавната свест, преку едукација на граѓаните за правилна употреба на придобивките од безвизниот режим.
Во делот посветен на т.н. сајбер криминал, потенцирајќи ја комплексноста на овој вид криминал, министерката истакна дека борбата против компјутерскиот криминал не може да биде лимитирана само во рамки на една држава, туку мора да биде третиран на регионално и меѓународно ниво со помош на регионални и меѓународни механизми, а тоа, подвлече, не упатува на зацврстување на регионалната полициска соработка.
Министерката Јанкулоска во сесијата посветена на илегалната миграција се осврна на низа меѓународни партнерски активности и соработка на македонската полиција, особено на ниво на размената на информации и координација како основни предуслови за делотворно спречување на илегалните миграциски токови.
Јанкулоска, таквата отворена и кооперативна позиција на МВР ја реафирмираше и при своето излагање по однос на Конвенцијата за полициска соработка на земјите од ЈИЕ.Конвенцијата, како документ од меѓународно значење, нуди широк спектар на современи методи и техники на полициско работење кои претставуваат функционални средства во борбата против сите форми на транснационален криминал. Токму поради тоа, Република Македонија продолжува да биде силно посветена на имплементација на одредбите на Конвенцијата, препознавајќи ја истата како суштинска алатка за унапредување и продлабочување на полициската соработка помеѓу договорните страни, нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.