Средби на министерот Попоски на безбедносната конференција во Халифакс

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски во канадскиот град Халифакс, каде што се одржува престижниот Форум за меѓународна безбедност, имаше серија на билатерални средби со министри и експерти од областа на безбедноста од Канада, Германија, Данска, Словенија.

Попоски се сретна со канадскиот министер за правда Питер Мекеј, кој е доскорешен министер за одбрана, со кого дискутираа за пречките на патот на приемот на Македониај во НАТО.

- Со почит ги поздравувам вашето трпение и желба да работите понатаму, изјавил Мекеј по средбата.

Попоски се сретна и со актулениот министер за одбрана Роберт Николсон, како и со заменикот генерален секретар на НАТО, американскиот дипломат Александар Вербшоу.

Со ова, министерот Попоски ја заврши посетата на Канада, која започна со средби со македонската дијаспора во Торонто, по што следуваа следеа официјална посета на Отава и прием организиран од страна на претседателот на Сенатот на Канада, Ноел Кинсела и членови на парламентарната група за пријателство со Македонија.

На средбите со министерот за надворешни работи Џон Берд и со министерот за имиграција и државјанство Крис Александар Попоски дискутираше за македонските интеграции и за преговорите за промоција и заштита на инвестиции кои треба да започнат во декември 2013 година.

По посетата на Канада, министерот Попоски патува во Париз на средба со францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус.