Можностите за инвестирање во Македонија претставени во Лион, Франција

Делегацијата предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, во чиј состав се и Бил Павлески, министер за странски инвестиции, Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и Дамјан Митев, економскиот промотор во Франција, денеска престојува во градот Лион, каде учествува на саемот Eurexpo Lyon.

Република Македонија на овој саем, кој е наменет за членови на бизнис заедницата кои се пред се заинтересирани за проширување на своите капацитети во други држави, се престави со свој штанд.

Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот Пешевски, во состав на активностите се одржал и инвестициски форум каде се  презентираа поволностите и можностите за инвестирање во Македонија.

- Делегацијата присуствуваше и на официјален ручек, организиран од страна на Стопанската комора на Лион каде присуствуваа над 200 најзначајни личности, односно политичари, преставници на бизнис комори, кластери како и најуспешни компании од регионот. Членовите на делегација одржаа и индивидуални средби со претставници на бизнис заедницата кои изразија подлабок интерес за инвестициските потенцијали кои ги нуди Република Македонија, се вели во соопштението.

Со денешните настани завршува дводневната посета на македонската економска делегација на Франција. Делегацијата предводена од вицепремиерот Пешевски превзеде активности за промоција на Македонија во двата најголеми градови во Франција по градот Париз.