Заедничка средба на ЗПВРМ за европски прашања Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски со комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе

Заменик Претседателот на Владата за европски прашања Фатмир Бесими и министерот занадворешни работи Никола Попоски остварија заедничка средба со комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе.

На средбата беа разменети мислења за досегашните постигнувања во периодот од Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија во 2013 година и од донесувањето на заклучоците на декемврискиот Совет на ЕУ. Беше информирано за достигнувањата во клучните теми и приоритети од европската агенда: изборните реформи, дијалогот со медиумите и донесените закони од оваа област, законските измени во јавната администрација и за ревизијата на Националната програма за усогласување со законодавтсвото со ЕУ (НПАА).

Се разговараше за приоритетите и динамиката за продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД). Во наредните десет месеци, односно до објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија за оваа година, сите македонски институции ќе продолжат да бидат посветени на реформската агенда,