Во Радишани активности за изградба на фекална канализација

Во населба Радишани во општина Бутел се реализира втората фаза од проектот за изградба на фекална канализација. Вкупната вредност на проектот е 5.500.000 денари (89.000 евра).

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при денешниот увид на планираните активности информира дека се работи на изградба на дополнителни 424 метри од главениот собирен колектор со 15 ревизиски шахти, како и собирен канал во должина од 137 метри и 9 шахти. Вредноста на проектот е 42.905 евра или 2.638.657 денари.

- Ова е практично продолжување, односно втора фаза на успешно имплементираниот проект во рамките на активностите за водоснабдување и одведување отпадни води, што во соработка со Европската инвестициска банка го реализиравме во 2013 година. Беа изградени дел од трасата на главниот собирен колектор во должина од 1.313 метри со ПВЦ цевки и 40 шахти, како и собирен канал во должина од 276 метри и 14 ревизиони шахти, изјави Јанакиески.

Претходно, одведувањето на отпадните води од руралниот дел на населбата се излеваа во индивидуални септички јами или директно во реката Серава (Радишанска) која поминува низ населбата и се влева во Вардар.