Одбележан Денот на македонската полиција 7-ми Мај
Резултатот на несебичното залагање е повеќе од очигледен. Република Македонија денес е побезбедна земја. Затоа, почестите денеска треба да ви припаднат на сите вас кои изминатата година безрезервно работевте за Република Македонија и за граѓаните, нагласи денеска во обраќањето министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на одбележувањето на „7-ми Мај“ - Денот на македонската полиција во Центарот за обука на кадри во Идризово.
- Довербата тешко се стекнува, но лесно се губи. Од сите нас зависи како ќе гледаат граѓаните на униформата и на институцијата која ја претставуваме. Не смееме да дозволиме ни најмал сомнеж во храброста, искреноста и чеснота што ве красат секој поединечно. Мора и во иднина секој од нас да го дава својот максимум во служба на граѓаните, им порача на припадниците и вработени во МВР, Јанкулоска.
Пред претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на полицијата, министерката Јанкулоска на идните колеги им посочи дека треба да покажат залагање, пожртвуваност, знаење и тимски дух и да бидат основна движечка сила која треба да ги носи реформите предвидени во програмата за наредниот период. Граѓаните, потенцира таа, кажаа „да“ за проширување и надградување на проектот „Безбеден град“, за воведување мобилни и оn-line полициски станици, за воведување електронски лични карти, но и за 55 проекти, подвлече, кои имаме обврска да ги реализираме.
Јанкулоска истакна дека лани МВР бележи пад на кривичните дела од областа на насилниот криминал, така од минатиот 7.мај до денес има само 21 убиство или околу 1 убиство на 100 илјади жители, што е, потенцира, една од најниските стапки во Европа. Во надолна линија се и кривичните дела како што се изнуди, грабнувања и уцени, но и нарушувањата на јавниот ред и мир.
- За преку 60 проценти е зголемена реализацијата во борбата против организираните криминални групи. Изминатата година, дури 26 криминални групи се тргнати од улиците, а 282 лица од овие групи, заработија пријави или се изведени пред лицетоп на правдата. Откриени и запленети се околу 900 килограми дрога, за кои се пријавени 665 дилери и транспортери. За 30 проценти е зголемена и реализацијата за недозволена трогвија со оружје, за што се пријавени 244 сторители, истакна министерката Јанкулоска. За 90 проценти е зголемен бројот на откриени сторители на корупција, додаде тоаа, а меѓу осомничените се судии, јавни обвинители, полициски службеници и други службени лица.
Според Јанкулоска, ефектот од ангажманот на припадниците на МВР за претседателските и парламентарните избори, е најмирни и најдемократски избори досега.
- Вие бевте беспрекорни и не треба да дозволите да допрат до вас обидите на некои политичари кои сакаат да го омаловажат вашиот труд. Нивната хипокризија е очигледна. За нив се деморкатски изборите кога и меѓународните набљудувачи ги квалификуваат како „многу лоши“, што беше случај во 2004 година. Сега не ги признаваат резултатите и ве напаѓаат вас и граѓаните кога на сите 3.514 избирачки места немаше ниту еден инцидент, рече министерката Јанкулоска во обраќањето по повод Денот на македонската полиција.
Најголемото признаните за сработеното, смета таа, е од граѓаните кои, согласно истражувањето кое лани во август го презентираше МЦМС, потврдува дека секоја година се зголемува довербата во полицијата односно во однос на 2010 година довербата меѓу Македонците се зголемила од 59 на 71 процент, а меѓу Албанците од 31 на 55 проценти.
Во рамки на денот на полицијата беше положено цвеќе пред споменикот на паднатите припадници на МВР, а се организираа и крводарителска акција, посета на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“, домот за донечиња и мали деца во Битола,...