Помош од 100.000 евра од македонската Влада за поплавените подрачја во Хрватска
Владата на Република Македонија денеска донесе одлука да испрати финансиска помош од 100.000 евра за Хрватска, која исто како и Србија и Босна и Херцеговина се соочи со големи поплави.
Претходно македонската Влада исто така најави финансиска помош од по 100.000 евра за соседна Србија и за Босна и Херцеговина, кои како и Хрватска, поради дождовите и надојдените реки се соочија со поплави од огромни размери.