Честитка од премиерот Никола Груевски по повод христијанскиот празник - Успение на Пресвета Богородица
До: Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија,
Архиепископ Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан
Ваше Блаженство,
Дозволете ми Вам лично, на членовите на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, од мое лично име и од името на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник - Успение на Пресвета Богородица.
Денес, празнувајќи го овој празник, да се потсетиме на добрината, кроткоста и трпеливоста на Пресвета Богородица, да си споменеме за нејзината љубов и мајчинска грижа, но и да се потсетиме на нашите мајки, на нашите родители, на нашите постари. Како што Христос ја имал блиску при себе својата Мајка, така и ние да ги имаме за блиски нашите родители.
Нека Пресвета Богородица биде наша водилка, наша поткрепа, нека подари здравје и љубов во сечие семејство.
Нека ни е честит и за многу години големиот празник !
Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ