Груевски: Извештајот на ФДИ доказ за нашите успешни политики
Рангирањето на магазинот ФДИ на зоната во Скопје, како прва, најдобра во Европа е уште едно признание и валоризација трудот и политиките што Владата ги води, оцени денеска премиерот Никола Груевски.
Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на спортски полигон во општина Ѓорче Петров, Груевски појасни дека магазинот ФДИ има повеќе критериуми при рангирањата.
- Тие изразија и високи оценки за начинот на кој земјата работи да привлече нови инвеститори, но и за успехот во тоа. Задоволен сум што целиот наш труд од минатото е валоризиран и од ФДИ, кој е исклучително значаен магазин, еден од најзначајните во светот, а покажува дека напорите што Владата ги прави за привлекување инвестиции се вистински и сме на прав пат во тој дел.