Отворени денови на Министерството за земјоделство во Ресен и Демир Хисар
Во рамки на отворените денови со граѓаните претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство предводени од заменик-министерот Зоран Коњановски во Ресен имаа средба со земјоделците од оваа општина.
- Оваа Влада вложува многу во развојот на земјоделството, а во рамки на нејзините програмски активности важно место зазема овоштарството. Особено внимание се посветува на регионот на Преспа каде што се произведуваат околу 90 насто од вкупниот род на јаболкото, истакна Коњановски.
Ние, додаде тој, сме овде директно и непосредно да се запознаеме со проблемите со кои се соочуваат земјоделците и да ги разгледаме можностите за нивно решавање, но и за решавање на останатите проблеми со кои се соочува општината а се во надлежност на Министерството.
- Таков е примерот со изборот на концесионер за Преспанското езеро за што се очекува дека во најскоро време ќе се најде решение, истакна заменик-министерот Коњановски.
На денешната средба имаше голем интерес од страна на земјоделците кои го искажаа задоволство од ваквите средби и од кои се надеваат дека ќе има и конкретни резултати. Отворените денови вечерва продолжуваат со тибина во Демир Хисар.