Груевски:Две кинески компании сериозно заинтересирани за инвестиции во Македонија
Две кинески компании се серозно заинтересирани за изградба на голема кланица и цементрарница во Македонија, а постои и интерес за реализација на енергетски проекти, најави премиерот Никола Груевски по денешната билатерлана средба со кинескиот колегА Ли Кечијанг во Белград во рамките на Самитот меѓу шефовите на влади на НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа.
- На средбата ги реафирмиравме проектите што ги отворивме минатата година од кои едниот е градба на голема фарма и кланица за која оттогаш до сега голема кинеска компанија дојде три пати во Македонија и ги разгледуваше сите можности. Прават анализи и засега се со позитивен впечаток, но останува да видиме дали ќе дојде до финализирање. И лани, а особено сега покажаа огромен интерес за градба на цементарница. Премиерот побара и да се забрзаат разговорите околу тоа, изјави премиерот Груевски по билатералната средба, нагласувајќи дека се заблагодарил за поддршката на Кина за градбата на автопатите Кичево-Охрид и Скопје – Штип.
Посочи дека на средбата станало збор и за проекти во делот на енергетиката и туризмот, како и за индустријата и индустриските зони.
- Разговаравме и за градба на брзата пруга. Договоривме од наша страна министерот за финасии Зоран Ставрески и за транспорт и врски Миле Јанакиески брзо да започнат разговори со нивните министри пред се за финасии за деталите, односно кој ќе биде начинот на финасирање и како ќе се гради. Во начело ние сме многу заинтересирани но сакаме да ги видиме деталите и начинот и условите како ќе се финасира, рече Груевски.
Станало збор и за потпишување спогодба за авиотранспорт за што, како што рече, кинески компании веќе покажале интерес,
- Со кинеските, но и со други финансиски институции разговараме и за целосно заокружување и затворање на финансискиот пакет за градба на примарен гасовод внатре во Република Македонија и се надевам дека наскоро тоа ќе го затвориме дали со нивната Ексим банка или со ЕБРД или, пак, со некоја друга финансиска институција, посочи Груевски и изрази надеж дека дел од проектите успешно ќе се реализира.
На билатералната средба со премиерот на Србија, Алексаандар Вучиќ, пак, беа потврдени добрите односи меѓу двете земји, а се разговарало и за унапредување на економската соработка преку реализација на инфраструктурни проекти од регионален карактер.