Министерот Адеми се сретна со претседателката на Асоцијацијата на Македонците во Британија
Министерот во Владата на Република Македонија, задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, оствари работна средба со Претседателката на Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија (AMUK), г-ѓа Бона Петроска.
На средбата Министерот Адеми, ја запозна со активностите и плановите за работа во период што следува и ја нагласи важноста на соработката со дијаспората како нераскинлив дел од Република Македонија.
Претседателката на Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија (AMUK), г-ѓа Бона Петроска го изрази нејзиното големо задоволство што новата реформска Влада на Република Македонија дава важност на дијаспората со именување на Министер во Владата задолжен за односите со дијаспората.
На средбата беа разменети идеи и размислувања за идните чекори на соработка помеѓу кабинетот на Министерот задолжен за дијаспората и Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија.