Министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората Едмонд Адеми,оствари работна средба со шефицата на канцеларијата на Меѓународната Организација за Миграции ИОМ , г-ѓа Соња Божиновска-Петрушевска.
На оваа средба Министерот Адеми изрази благодарност до Меѓународната Организација за Миграции ИОМ за целокупните ангажмани и заложби кои ги презема во Република Македонија.
Шефицата на Канцеларијата на Меѓународната Организација за Миграции ИОМ г-ѓа Соња Божиновска- Петрушевска го истакна задоволство од чекорите на Новата реформска влада на Република Македонија која ги презема за дијаспората.
Вооедно беше разговарано за продлабочување на соработка на национално и регионално ниво, со се цел да што повеќе се развиваат и зајакнуваат односите на Република Макдонија со дијаспората, како важен сегмент на развој на државата, преку веќе воспоставени меѓународни практики.