Заев: Прв чекор е да се тргне условената препорака за ЕУ, следен почеток на преговори
Јас очекувам дека секоја средба е шанса за изнаоѓање решенија за одблокирање на нашите процеси кон потполна интеграција во НАТО и во Европската Унија. Знам дека секоја средба со пријателски мотиви може да ни ги доближи ставовите да изнајдеме решенија и навистина, оваа мала земја овде на Балканот, нашата Република Македонија, конечно после толку години да се приближи напред.
Упатствата кои што министерот ги доби од Владата, секако и од Парламентот, се оние слични пораки што ги испраќаме сите овие денови зад нас и верувам дека во тој правец се отвораат и перспективите за разговори.
Денеска се очекува да се посвети посебно внимание на зголемување на мерките за доверба помеѓу двете земји и да се интезивираат и да се надевам дека граѓаните ќе почуствуваат и поконкретни резултати, тогаш тоа е добро за двете земји.
Верувам дека сето она кое е во интерес на двете земји во делот на надворешните работи ќе биде отворено како тема за разговор и навистина, очекувам само позитивни перспективи од ваквите состаноци.
П1: Ќе се знаат ли денеска имињата на луѓето кои ќе раководат со УБК и БЈБ?
Денеска не, верувам дека во четврток или петок ќе ги избереме на владина седница. Се уште министерот кој е овластен предлагач до Владата, прави консултации со самите луѓе. Штом ќе пресече и конечно ќе одлучи, ќе ги предложи на Владата, па после и Владата ќе дебатира.
П2: Дали според вас има конфликт на интереси по однос на назначувањето на Кочо Анѓужев за министер во Владата?
Според мене нема, заради тоа што знам кои правни постапки ги покрена Кочо Анѓушев, согласно Законот и ќе оставам тој да ги објави во соодветно време, во интерес на знаењето на сите граѓани и во интерес на вас новинарите.
П3: Европскиот Парламент денеска ќе расправа за Извештајот за напредокот на Македонија, што очекувате?
Јас очекувам веќе позитивни импликации со секоја дискусија на Европската Унија заради тоа што навистина амбинетот е одличен, се работи за амбинет којшто создава основни услови да испорачаме резултати ние, спрема Европската Унија, но и Европската Унија спрема нас. Навистина бевме охрабрени на состаноците на коишто присуствувавме во Брисел. Сето тоа значи и обврски овде во Македонија. Мораме да си помогнеме себеси, на нашата земја, на нашите граѓани, но и да и помогнеме на Европската Унија за да и помогнат на Македонија.
П4: Очекувате препорака за преговори?
Знаете дека ние имаме условена препорака. Првиот чекор логичен е, да се тргне условеноста на препораката, да опстои препораката, а нашата желба е да отпочнеме преговори со Европската Унија. Се надевам дека тоa брзо ќе се придвижи. Секако, зависи многу од реформите, но зависи и од нашите соседи, пред се од Грција, но зависи и како што знаете и од Бугарија заради непотпишаниот договор. Работиме во тој правец, се со конечна цел час поскоро, ден поскоро, да може да се одблокираат ваквите процеси.
П5: Господине Заев дали се уште верувате во граѓанскиот концепт бидејќи не видовме ниту еден заменик од другите националности?
Во замениците министри? Заменик министерот за земјоделие е Србин. Имаме државен секретар кој ќе биде од албанската заедница, имаме и заменици министри неколку. Ќе имаме и државни секретари, верувам и од бошњачката заедница, а верувам високи позиции и од влашката заедница. Буквално застапеноста ќе ја имплементираме комплетно во идната извршна власт.