Видео: Многу брзо ќе ги започнеме реформите во медиумите кои ќе бидат во интерес на сите граѓани

Ви Благодарам почитуван амбасадоре, почитувани организатори, гости, почитувани присутни мои колеги. Драго ми е што имам можност да се обратам денеска на овој собир. Сме имале многу дебати во минатото, но се надевам дека од оваа дебата во иднина ќе почнеме да ги решаваме проблемите. Каква е состојбата во Република Македонија околу слободата на говорот, слободата на изразување, начинот на функционирање на медиумите и новинарите, не треба многу да се констатира, констатиравме. Знае домашната јавност, знаат оние што работат во медиумската индустрија, констатирано е во меѓународните  извештаи на фридом-хаус репортери-без граници. Ние сме на дното. Тоа  е состојба која што е навистина трогателна и која што не ја заслужуваат ниту граѓаните на Република Македонија, ниту професионалците во новинарската професија и во медиумската професија.

Денеска овде се надевам дека ќе разговараме за излезни решенија а не за тоа што не снајде , бидејќи би сакал тој период да го оставиме зад нас и да гледаме напред. На Македонија и се потребни темелни реформи во оваа област, тоа е обврска пред се кон граѓаните на Република Македонија, меѓутоа една од обврските  преземени во насока на евроитеграцискиот процес на Република Македонија. Она што треба да се направи е регулација, поточно реформи  кои што ќе значат вистинско регулирање на медиумската сфера. Знаете сите ние велиме што помалку  регулација е подобро, меѓутоа некогаш кога не функционираат  регулаторните тела и механизми потребно е прво тука да се средат работите. Се сеќавате многу добро за време на проговорите во Пржино, Пржинскиот процес, можеби најтешкиот дел на преговарачкиот процес беше токму околу медиумите, потрошивме три месеци во тешки интензивни преговори и тогашната владејачка партија ВМРО ДПМНЕ сегашна опозиција не дозволи, не прифати ниту еден процент на медиумската сфера за се друго попуштија за ова не, и тука застанаа реформите. Потоа заедно со организациите на државата  кои што работат во оваа област беше предложено од нивна страна претходно усогласен со меѓународните претставници низ тој преговарачки процес еден предлог закон кој што беше доставен во Собранието, го гласаа пратениците од тогашната опозиција, сегашната владеачка партија и владеачко мнозинство, меѓутоа не беше доволно, бидејќи тогашната власт исто така го блокираше донесувањето на тие реформи во Собранието на Република Македонија.

Сега е друга ситуацијата и верувам дека многу брзо ќе можеме овие реформи да ги стартуваме и да ги направиме во интерес на сите граѓани во државата. Тоа пред се значи законска регулатива која ќе овозможи професионализирање и независност на Агенцијата  за аудио и аудио визуелни медиумски услуги или агенцијата за медиуми. Паралелно со тоа многу значи многу значајна е улогата на јавниот сервис МРТВ, јас знам дека денеска овде темата е повеќе фокусирана на приватните медиуми меѓутоа, мораме да ги спомнеме и овие бидејќи без вистински независен професионален и објективен јавен сервис, без Агенција за медиуми којашто ќе ја врши својата улога не можеме да очекуваме останатиот дел од пазарот и приватните медиуми да функционираат во нормален амбиент.

Велам тешко е ова да се говори, навистина ќе беше многу подобро да говориме сега за некои детали како невладиниот сектор здружение на граѓани може да помогнат во реформи, но ова е суштината од каде што може да стартуваме . ви најавувам дека што е најскоро можно Владата на Република Македонија ќе го пушти во процедура овој закон за измени и дополнувања, поточно за реформи во медиумската сфера кој што веќе  еднаш го предложивме, повторно го дадовме на разгледување на јавноста, на невладиниот сектор и очекуваме нивни забелешки  и верувам дека уште во понеделник на комесарот Хан ќе му соопштиме дека овој закон ќе биде во собраниска процедура. Искуството говори дека би требало да биде изгласан бидејќи освен ВМРО ДПМНЕ ниту една друга политичка партија немаше сериозни забелешки, поточно го подржа  уште за време на преговарачкиот процес во Пржино. Ако ги поставиме вака основите на функционирањето, тогаш верувам дека амбиентот многу ќе се подобри. Агенцијата за медиуми кога ќе си ја врши својата улога и Јавниот сервис кога ќе биде поставен на вистинска основа тогаш пазарот ќе функционира. Затоа една од клучните мерки е МРТВ да  не биде дел од комерционалниот колач, поточно да игра на пазарот каде што се делат рекламите, туку МРТВ да биде финансирана од Буџетот на Република Македонија. Значи, да се укине Радио дифузната такса како една обврска на граѓаните и буџетот на Република Македонија да одвои соодветен процент кој што ќе ги задоволи потребите на МРТВ. На овој начин покрај тоа што јавниот сервис ќе мора да ги следи сите оние стандарди и потреби на граѓаните во нивните програмски содржини, ќе го ослободи просторот приватните радио дифузери, согласно нивниот рејтинг, нивното влијание, довербата на граѓаните да остваруваат приходи на пазарот во Република Македонија.

Уште една многу значајна клучна работа која што денеска ќе ја повторам а е кажана во предизборните ветувања, тоа е дека оваа Влада нема да троши буџетски пари за комерционално рекламирање. Значи нема повеќе авантури од типот од милионски суми на пари за некакви чудни проекти што минатата Влада ги пропагираше. Нема привилегирани медиуми кои што  ги добиваат парите итн, итн. европските искуства се различни, а укажувањата од Европска Унија се дека доколку има владино рекламирање тоа треба да почнува врз многу прецизни и конкретни критериуми, меѓутоа со оглед на искуството во последните 11 години сметаме дека во овој момент е најдобро да нема буџетско рекламирање. Нема зошто пари од буџетот да се трошат за реклами. Она што Владата има потреба да го презентира како информација од јавен карактер или од јавен интерес тоа ќе го прави на јавниот сервис бесплатно, тоа се соопштенија, тоа се тејлопи итн. и јавниот сервис ќе има обврска тоа да го објави. Тука нема комерцијална трансакција. Јас ќе бидам многу среќен доколку покрај Владата и државните институции ваквата практика ја применат и локалните единици, единиците за локална самоуправа, бидејќи тие не се составен дел на Владата, меѓутоа сепак би било добро тоа да биде синхронизирано на сите нивоа.

Понатаму следува делот кој што ќе биде многу значаен за тоа како приватните медиуми кои што имаат исклучително значење во општеството ќе функционираат. Тука треба да се направат сериозни исчекори и затоа верувам дека законската регулатива тоа ќе го овозможи и луѓето кои што ќе ја преземат Агенцијата за медиуми навистина ќе се постават на ниво на задачите. Ние во Република Македонија имаме некаква транспарентност во сопственоста на приватните медиуми , но таа до крај не е  дефинирана. Ако се сеќавате дури имаше и обиди за исмејување на тоа што значи Закон за семејство, татко син итн, итн, кој е сопственик, лидери на политички партии, беа лидери на медиумите, па сега тие медиуми, дел од нив се и имаат некакви фиктивни, многу чудни форми на тендер коалиции се случуваат помеѓу сопственици на медиуми, државни институции. Тоа мора да прекине. Европската практика, сите нормални развиени општества не познаваат таков принцип на симбиоза помеѓу сопствениците на приватните медиуми  и државата, сопственик на медиум да може да учествува на тендери и да зема огромни пари, сведоци сте сега какви истраги има СЈО. Тоа е нешто што мора да исчезне во Македонија. Затоа што потоа тоа не води кон објективно непристрасно функционално информирање, туку води кон пропагандистичко информирање. Па имате медиуми кој што поттикнуваат на насилство, шират говорна омраза со дрон ги следат насилниците кој што влегуваа во Собрание на 27. Април со цел да извршат ликвидација на пратеници избрани од граѓаните итн. тоа е нешто од кое што Република Македонија мора да се ослободи, меѓутоа низ една нормална процедура согласно законите и Уставот на оваа држава.

Радиодифузерите мора да ја остваруваат својата улога во општеството. Тие имаат обврска немаат само права имаат и права, но имаат и обврска.  Јавниот Радиодифузен сервис исто така и приватните медиуми мора да ги почитуваат стандардите на новинарската професија, етичкиот кодекс. Ние сме сведоци изминативе години што све се пропагираше и каков говор се користеше на дел од медиумите што имаат сериозна влијание во јавноста. Тоа не е добро, тоа не  е коректно  за едно општество кое што тежнее да ги прифати и почитува европските вредности и тоа не е коректно кон граѓаните на Република Македонија.

Ако вака ги поставиме основите и ако профункционира медиумската сфера на ваков начин тогаш најголемиот дел од обврската и одговорноста како функционира содржинскиот дел на медиумите, контентот или уредувачките политики ќе останат на одговорност на само регулативните тела и на здруженијата кои што се бават со оваа проблематика. Бидејќи ако е законската регулатива коректна тогаш веројатно ќе нема сериозни судски процеси за клевета и навреда, ќе нема тешка и мачна атмосфера во општеството и ќе може професијата сама да си го исчисти оној дел што е останат, што значи не професионализам и не следење на стандардите. Искрено бидејќи потекнувам од оваа професија навистина посакувам и очекувам Здружението на новинари, Советот на честа ,Советот на етика и сите оние кои што работат во оваа медиумска индустрија да го добијат своето значење и својата улога. Не владиниот сектор јавноста, граѓаните се клучни коректори за се што се случува во општеството. Оваа Влада ќе биде постојано отворена во комуникација, сите закони и се што ќе се прави како измени и дополнувања ќе биде низ широки јавни дебати. Не е Владата ниту нај паметна, ниту таа што треба да диктира политика, таа треба да ги спроведува и реализира потребите на граѓаните и општеството. Така ќе го правиме секој чекор, секоја постапка, денеска ве информирам дека после оваа средба во 12 часот Премиерот, Вицепремиерот за Евро интеграции и јас ќе имаме средба со над 150 невладини организации од различни области за да ги слушнеме нивните мислења. Неверојатно е колкава е потребата општеството, граѓаните, луѓето да го кажат своето мислење но наше е трпението, вниманието не само да ги сослушаме туку да ги имплементираме сите оние клучни потреби на граѓаните кои што 11 години немале можност да ги кажат или ако ги кажувале никој не ги слушнал. За сето ова да функционира огромна одговорност има Владата, не е само во  носење на законите туку во начинот на однесување на медиумите. Ако е Владата затворена, конзервирана, ако институцијата на државата не дава информација тогаш вие немате слобода на говор слобода на информирање. Самата поставеност на оваа владеачка гарнитура издигнувањето на комуникацијата, транспарентност и отчетност на ниво на министерство говори каква е желбата, потребата и намерата на Владата. Многу скоро ќе биде донесено на владина седница Одлука и Заклучок за тоа како ќе функционираат сите министерства и Јавните претпријатија во рамките на Владата.

Симболиката на отворање на портите на онаа ограда којашто веројатно симболизираше  некаков гламур и отуѓеност на власта од граѓаните не значи ништо, ако и понатаму институциите не функционираат и не се блиски до јавноста и граѓаните, и оние кој што имаат потреба да добијат информација од нив. Редовни брифинзи со новинарите ќе бидат практика еднаш неделно, ќе бидат веб страните на министерствата ќе бидат богати и исполнети со сите информации за активностите на секое поединечно министерство и претпријатие во рамките на буџетските установи. Нема потреба од криење, тендерските постапки се јавна работа, тоа се пари на граѓаните и граѓаните мора да знаат како се трошат нивните пари. Нелогично е да се вџашуваме дека автопатишта се градени покрај тоа со провизии се работат и се изработуваат без никаква документација, по чудни траси. Било укажувано дека не смее така да се гради и се продолжува. Тоа  насилие мора да прекине. Отвореноста на институциите е основа за да може да функционира професијата и новинарското општество и медиумите и новинарите.

 Затоа ве убедувам и тука стојам на располагање и секогаш да укажете ако некаде некој било кој сегмент од Владата или од институциите е затворен и не дава информации. Само ве молам за мало трпение, бидејќи овој период на прилагодување на она што го затакнавме таму, што е шокантно и што е дури повеќе од очекувањата,јас не би сакал да ги споделувам сите детали и да ви одземам од времето, дајте ни само малку простор да се  прилагодиме, не бараме 100 дена затвореност туку напротив Премиерот веќе вториот ден од преземање на мандатот имаше интервју со уредниците на нај големите телевизии на Република Македонија. Таа практика ќе продолжи, нема нарачани интервјуа, меѓутоа исто така ве молам само за трпение додека да го поставиме системот на комуникација,. Во секое министерство ќе има мини јадра за комуникација, ќе бидеме отворени за се што треба и ќе има одговорност за секој носител на јавна функција ако не е одговорен, транспарентен и отчетен пред граѓаните. Тоа е ветување на Премиерот, тоа е мое ветување и на министрите на оваа Влада. Само така Македонија ќе може да оди напред.

Дополнително во програмата на СДСМ, кој што верувам дека ќе биде преточен во програмата на Владата ќе се обидеме да наметнеме и институт од пратенички прашања да биде по чест од еднаш месечно, до сега Собранието беше декор, гласачка машинерија, Собранието има контролна улога, сновен механизам за тоа како се контролира власта и како таа функционира. Ќе се обидеме еднаш неделно да има седница на Собранието каде што министрите можеби не цела Влада ако во еден период една недела некои министерства се актуелни и имаат потреба пратениците да добијат дополнителни одговори, еднаш неделно да има одвоен термин во Собранието во кој што министрите од Владата и нивните заменици ќе одговараат на поставени пратенички прашања. Велам има многу да се сработи, меѓутоа никој не е избран за да кажува колку е тоа тешко и со што се соочуваме. Избрани сме за да ја завршиме работата што е можно поскоро и да овозможиме нормални услови за функционирање.

Го слушам овие денови Груевски некаде шета по европските метрополи и дава изјави дека во Македонија бил ужасен медиумскиот амбиент, таква контрола воспоставила новата власт, едноставно гласот на опозицијата не можел да се слушне, па ве молам вие сте овде претставници на медиумите и јавно ве повикувам , било кој од вас јавно ги повикувам и оние  што не се тука нека кажат дали еднаш некој дигнал еден телефон и не кажал дали замолил да се објави нешто, за да ја расчистиме таа дилема. Агонијата на Груевски , среќа што не е агонија на Македонија, тој не може да разбере дека кога се оди сега во посета на инвестиции што се промашени или кој што носат и човечки жртви дека не се оди накитен со два микрофона и камери од страна и без новинари да поставуваат прашања.

Секој министер оди да каже каква е состојбата и што ќе направи и што ќе преземе, и тоа така ќе функциунира. За тоа велам клучен механизам е никој да нема никакво врз медиумите и медиумската индустрија  ниту Владата има потреба да влијае, ниту смее да влијае, ниту опозицијата, сите подеднакво треба да бидат застапени, подеднакво да се медиумите отворени за политичките субјекти, граѓанското општество, дебати на јавни личности, ние немавме дебати на јавноста, изостанаа, и сега имаме интересни ситуации кога се отвориа дебатите повторно медиумите бараат политичари да гостуваат. Тоа е добро, но отворете ги екраните за граѓаните за луѓето, најголема штета најмногу истрпеа граѓаните за овие 11 години и во нивно име и за нивно добро, македонското општество, граѓаните на оваа држава заслужуваат да бидат дел од Европското семејство. Тие тоа го докажаа на овие избори огромно мнозинство гласаше за промени тоа е обврска голема и на политичките субјекти, меѓутоа и на медиумите во Република Македонија, без вистински медиуми беез професионални медиуми, не пристрасни, објективни, граѓаните ќе немаат квалитетна информација ќе немаат вистинска информација. Пропагандата мора да заврши. Тоа е иднината на оваа држава и јас ве убедувам додека сум таму, а верувам дека ќе бидам заедно со оваа екипа додека работите не се средат како што треба дека никогаш нема да се случуваат девијации не приближни до оној тип кој што ги имавме минатите години.

Благодарам.