Македонија ќе биде кодомаќин на средбата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс со земјите членки на Јадранска повелба
На 2 август во Подгорица ќе се одржи средба на потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс, со високи претставници на земјите членки и на земјите набљудувачи, членки на Јадранската повелба, чиј претседавач оваа година е Република Македонија.
Република Македонија заедно со Црна Гора е и кодомаќин на овој значаен настан.
Македонија, заедно со Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина е членка на Јадранската повелба (Adriactic Charter), а Србија, Косово и Словенија имаат статус на земји набљудувачи во групата.
Групата Јадранска повелба е формирана под покровителство на САД во 2003 година и има за цел да ги координира активностите за поддршка на земјите аспиранти за членство во НАТО.