Министерката Јанкулоска во посета на реконстуираната полициска станица на Попова Шапка
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ја посети Полициската станица за обезбедување на државната граница „Попова Шапка“, која што во изминатиот шестмесечен период беше целосно реконструирана во рамки на проектот „Интегрирано гранично управување“ со кој беше опфатена реконструкција на девет полициски станица за обезбедување на државната граница во делот на границата со Србија, Косово и Албанија.
При посетата министерката Јанкулоска беше информирана за тековните активности на оваа полициска станица, како и за превземените зафати за нејзина санација и реконструкција.
Проектот „Интегрирано гранично управување“ беше реализиран во текот на минатата година преку финасиска поддршка од ИПА програмата. Неговата вредност беше околу два милиони евра од кои Владата како кофинансиер учествуваше со 1,25 милиони евра, а ЕУ преку ИПА програмата со 750.000 евра. Беа опфатени полициските станици Стрезимир, Џепиште, Франгово, Езерска контрола-Охрид, Стење, Попова Шапка, Лабуништа, Чашка и Гошинце.
Во наредниот период со средствата што останаа во рамките на проектот, дополнително ќе биде обновена опремата за видео надзор согласно стандардите на ЕУ.