Учество на премиерот Зоран Заев на Отворен ден за иницијативи на граѓански организации: „Консултација за изработката на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија“
Во понеделник (24.12.2018) со почеток во 13:00 часот, премиерот Зоран Заев ќе учествува и ќе се обрати на Отворениот ден за иницијативи на граѓански организации: „Консултација за изработката на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија“.
Покрај премиерот Зоран Заев на настанот ќе се обратат и министерката за правда, Рената Дескоска и советникот на премиерот за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интер-културните комуникации, Рубин Земон, додека дискусијата ќе ја отвори и води советникот на премиерот за односи со јавноста, Марјан Забрчанец.