Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ќе се обрати на два настани, пуштање во употреба на еко автобуси во Прилеп и увид во напредокот на работите на магистралниот гасовод
Во центарот на Прилеп на бул. Гоце Делчев (местото познато како „кај рекламите“) со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе присуствува и ќе се обрати на настанот по повод пуштањето во употреба на еко автобуси во јавниот патнички транспорт во О. Прилеп.
Истиот ден, Премиерот Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, ќе направат увид во напредокот на работите на магистралниот гасовод, секција Неготино - Кавадарци - Прилеп - Битола. Планирани се и обраќања на Премиерот Заев и министерот Сугарески.
Увидот на терен ќе започне во 12.30 часот, локацијата која ќе се посети се наоѓа во О. Новаци, на излез од с. Новаци на патот кон с. Маково.