Премиерот Заев со министерката Царовска оди во работна посета на Подгорица
Премиерот Заев, придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска е во работна посета на Подгорица, Република Црна Гора.
Предвидено е, утрово, премиерот Заев да има билатерална средба со неговиот колега, црногорскиот премиер, Душко Марковиќ.
Премиерот Заев е поканет и ќе присуствува и на Конгресот на ДПС на Црна Гора, каде ќе има кусо обраќање.
Календар Влада:
E shtunë, Nëntor 30, 2019 - 00:00 to 23:45