На денешната 47-ма седница, Владата на Република Македонија донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.
На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.
За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.
Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.
Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија.