Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство започнаа кампања за носење маски со цел поддршка на Законот за заштита од заразни болести и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од коронавирусот (КОВИД-19).
Кампањата која го носи слоганот #НосамМаска, е поддржана и ќе биде промовирана од страна на сите функционери, членови и поддржувачи. Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот.
Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата. #НосамМаска е одговорност која треба да ја прифатиме, почитуваме, споделиме и применуваме.