Конферeнција „Отворено владино партнерство“
Достапни и транспарентни податоци од отворени сигурни и ефикасни државни институции кои соработуваат и комуницираат со граѓаните треба да овозможат мерките од Акцискиот план што го подготвува Министерството за информатичко општество и администрацвија како дел од Иницијативата за отворена влада, чиј потписник е Република Македoнија.
- Акцискиот план треба да овозможи транспарентност на Владата и податоците на државните институции да креираат додадена вредност за нашето општество, истакна министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на отворањето на конференцијата „Отворено владино партнерство“.
Според Ивановски, сите информации од јавен карактер се достапни за граѓаните врз основа на Законот за слободен пристап до информации, а со Акцискиот план треба да се дозволи нивна поголема и подобра достапност на технички начин.
- За тоа ќе биде потребно повеќе време за да се види колку тоа финансиски ќе ги чини институциите, но во интерес и на Владата и на граѓаните е да ги отвориме овие податоци за да може приватниот сектор да ги изгради овие услуги побргу, посочи Ивановски.
Акцискиот план се изработува со консултантски услуги, грант од Светската банка. Веќе е формирана работна група со претставници кои нудат податоци од јавен интерес, а вклучени се и повеќе инспекторати. По примерот во западноевропските земји податоците кои ги имаат овие институции треба да се отстапат за потребите на граѓаните за да се изработат голем број апликации што ќе се користат преку паметните телефони, интернетот, компјутерите.
Во наредните три месеци, најави Ивановски, ќе биде распишан повик до приватниот сектор и граѓаните да креираат нови апликации кои ќе се користат во формат што ќе биде кориснички ориентиран и достапен.
Поддршка и пренесување на своето искуство за проектот за „Отворено владино партнерство“ Македонија добива и од Велика Британија како една од водечките држави во транспарентноста на јавните информации.
- Велика Британија ја поддржува македонската Влада во напорите за отвореност и транспарентност на јавните институции. Ваквите проекти помагаат да се зголеми нивото на достапност на податоците, посочи британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон.