Вицепремиерот Битиќи и директорот Деспотовски на настан за потпишување на договор за државна помош со компанијата Пурпласт

Денеска, со почеток во 10:00 часот, во Медија центарот на Владата ќе се одржи настан за свечено потпишување на договор за државна помош помеѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и турската компанија Пурпласт, која реализира инвестиција во ТИРЗ Скопје.

На настанот, по  свеченоста за потпишување на договорот за државна помош, ќе се обратат заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и извршниот директор на Пурпласт, Мехмед Шишманоглу.

Календар Влада: 
E enjte, Shkurt 18, 2021 - 10:00 to E premte, Shkurt 19, 2021 - 10:45