Премиерот Заев за неделникот „Фокус“ одговарајќи на прашање, категорично тврди дека Судството и Обвинителството се независни од извршната власт и власта не влијае на судот.
„Јас водев своевидна револуција против такви премиери и министри кои се јавуваа на судии и обвинители. Не смее никому да му падне на памет да се јави и да диктира пресуди, обвиненија“, вели Заев посочувајќи дека оваа извршна власт не влијае на судот и дека е позната законската постапка за избор на судии и обвинители, кои се избираат преку Судскиот совет и преку Советот на обвинители и тоа се почитува.