Премиерот Ковачевски ќе ја пречека претседателката на Европската комисија Фон дер Лејен

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со владина делегација ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен. Посетата е планирана на 26 октомври 2022 година (среда) со почеток во 17:50 часот.

Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски е во состав од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.

Календар Влада: 
E mërkurë, Tetor 26, 2022 - 17:45 to 18:45