Почитувани граѓани,
Почитувани медиуми,
Како што претходно кажав дека ќе ангажирам ревизија за да видиме како се воделе постапките во претходниот период, излегува дека прекршувањата се многубројни. Информациите што ги обезбедивме се доказ за тоа како ова министерство работело и водело. Се истакнуваат неправилности, нетранспарентност и низа прекршувања на управните и законските процедури.
Сега го имаме извештајот и бараме надлежните органи да преземат мерки за расветлување на целата оваа ситуација.
Според Извештајот, во овој период се сторени бројни прекршоци и непочитување на управните процедури и внатрешните прописи.
Прекршоците се направени во постапката за јавна набавка. Во 2021 година е извршена набавка на Софтвер за управување со апликации од физички и правни лица за потребите на министерството во вредност од 2 милиони 490 илјади денари, но истиот не е во функција и нема објаснување или извештај зошто овој Софтвер не е пуштен во употреба. Има индиции за прекршување на процедурата бидејќи целиот процес е завршен во рок од 15 дена, имајќи предвид дека се работи за софтвер кој бара време и професионалност. Ревизијата констатира дека тоа претставува ризик и има прекршоци бидејќи целата постапка е завршена за две недели.
И во 2022 година е склучен договор за јавна набавка за градежни работи поврзани со изградба на инфраструктурна линија и огради на парцелите на локацијата Манастирец во Македонски Брод и на локацијата Амзабегови Свети Николе во вредност од 25 милиони денари (400 илјади евра). Од страна на Ревизијата се констатира дека има неколку пропусти, кои се сомнителни, поврзани со тоа што иако бил склучен договор со избраната фирма -изведувач , овие работи воопшто не биле завршени, а тоа е изградбата на фотоволтаичен центар. Поради ваквото неспроведување и ваквата негрижа на поранешните раководители на министерството, средствата предвидени од Министерството за економија не се реализирани. Во оваа насока, државата го загуби инвеститорот од кој би се остварил приход и би се отвориле нови работни места.
Неправилности има и во ангажирањето на лицата со договор на дело, како во однос на присуство на работа, така и во недостиг на докази, должности и обврски на работата и нивна соодветна професионална подготовка. Ревизијата констатирала и прекршоци во користењето на службените возила, како непополнување на соодветна законска документација, вклучително и снабдување со гориво на овие возила.
Исто така, по посебна управна постапка имаме сознанија дека државниот буџет е оштетен за 127.721.000,00 денари или приближно 2 милиони евра, како резултат на непреземање мерки од страна на комисиите на министерството во периодот од 2019 до 2023 година и државата да ја изгуби оваа сума. Бројот на предмети кои се застарени е 1534 и за нив не може да се води понатамошна постапка.
Ја информираме јавноста дека Комисијата за прекршоци и изрекување санкции при Министерството за економија е формирана на 04.10.2022 година, дури 4 години и 4 месеци по приемот на предметите од Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија?! Во извештаите до министерот, членовите на комисијата даваат информации дека нема услови комисијата да се формира, да функционира и да работи бидејќи нема доволен број членови (потребни се 5 или 7 члена) додека работеле само 3 члена, се поставува прашањето: на што работеле службите во Министерството за Економија 4 години и 4 месеци? И како што може да се види, како резултат на нефункционалноста на оваа комисија, дошле до застарените на над 1.500 предмети .
Значи, како што можете да видите, има голем број прекршоци кои ревизијата ги констатирала. ЈАВНО ГИ ПОКАНУВАМ НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ДА ГО ПРЕИСПИТААТ ИЗВЕШТАЈОТ ОД РЕВИЗИЈАТА.
СИТЕ ТИЕ ГО ПОСТАПИЛЕ СПРОТИВНО НА ЗАКОН ЌЕ СНОСАТ СООДВЕТНА ОДГОВОРНОСТ .