Јавен oглас Бр.04/2025 за именување на директор на Државнaта фитосанитарна лабораторија

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
11.02.2025

Врз основа на член 78 - б од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/2005, 81/2008, 20/2009,  57/2010, 17/2011, 148/2011, 69/2013, 43/2014, 158/2014, 149/2015, 39/2016, 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.150/2021), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН  ОГЛАС Бр.04/2025

за именување на директор на Државната фитосанитарна лабораторија

 

1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Државната фитосанитарна лабораторија, на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.              

2. За директор на Државната фитосанитарна лабораторија може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:

1)   Да е државјанин на Република Северна Македонија;

2)   Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

3)   Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;

4)   Да има минимум пет години работно искуство;

5)   Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

-  ТОЕФЕЛ (TOEFEL) - најмалку 74 бода,

-  ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,

-  ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,

-  ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,

-  БУЛАТС( BULATS) - најмалку 60 бода или

-  АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

 

3. За директор на Државната фитосанитарна лабораторија може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf  ,

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...

 

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

1)   Пријава по оглас;

2)   Кратка биографија;

3)   Мотивациско писмо;

4)   План и програма за идна работа;

5)   Уверение за државјанство;

6)  Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

7)   Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;

8)  Доказ дека има минимум пет години работно искуство и

9)  Меѓународно признат сертификат за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

-  ТОЕФЕЛ (TOEFEL) - најмалку 74 бода,

-  ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,

-  ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,

-  ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,

-  БУЛАТС( BULATS) - најмалку 60 бода или

-  АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

 

5.   Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Државната фитосанитарна лабораторија “.

 

6.   Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

7.   Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).

8.   Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2024, 163/2024, 184/2024, 192/2024, 196/2024 и 227/2024).

9.   Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.

11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.