Добар ден и од мене,
најпрвин како што доликува дозволете ми да го честитам празникот 8 март, да посакам искрени желби за среќа за сите оние дами коишто денес ќе го прослават овој ден и навистина овие моменти се многу важни кога во рамките во кругот на најблиските, во рамките на семејствата ќе може да го прославиме овој ден, исто така на граѓаните овде во Свети Николе би сакал да им посакам искрени желби за успех и честитки за празникот Тодорица кој го спомна самиот градоначалник на сите оние што слават именден, слава, итн. Да им честитам и да им посакам многу здравје среќа и успех во животот.
Денеска е посебен ден овде во Свети Николе и навистина денот сакавме покрај тоа што го предвидовме како дружење со граѓаните да поминеме и неколку проекти коишто и локалната, но и Владата заеднички ги финансираат за светиниколчани и сметаме дека вториот повик како што и самиот градоначалник кажа дека нешто повеќе од 2 милиони евра ќе бидат на располагање. Голем дел од потребите коишто во минатото не биле решени за светиниколчани сега ќе бидат решени.
Затоа јас немам што да додадам на тоа што го кажа градоначалникот од аспект на буџет на реализација на проект, од аспект кој проекти станува збор, само можам да кажам дека Македонија се гради. После 7 години пустош и понижување и засрамување и организирана плачка конечно имаме состојба во којашто во Македонија се гради и тука сме да го одбележиме сето тоа.