На денешната панел дискусија на тема „Влијанието на зголемувањето на капитацијата врз примарната здравствена заштита“, Проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директор на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во однос на позицијата на матичните гинеколози при раната детекција, односно превенција, изјави:
„Примарната здравствена заштита во гинекологијата и акушерството претставува исклучително важна алка во здравствената заштита за женската популација во нашата држава. Значи матичниот гинеколог е тој што прв доаѓа во контакт со жената и во зависност од понатамошната нејзина здравствена состојба се испраќа на другите нивоа, односно на секундарно или на терцијарно ниво кај нас. Токму матичните гинеколози се оние, како што спомна и директорот Клековски, коишто се носители на извршување на скрининг програмите, на дијагностицирани и третирање на голем број нехируршки интервенции, на советување за планирање на контрацепција и семејство, за превенција од предвремени породувања.“
Алексиоска Папестиев вели дека одлукатљ на Владата за зголемување на капитацискиот бод за 33 проценти на матичните гинеколози е сериозна инвестиција и стимулира истите да се посветат на скрининг програмата.
„Оваа одлука на Владата, јас навистина ја поздравувам и сметам дека претставува една сериозна инвестиција затоа што на тој начин ќе ги стимулира повеќе матичните гинеколози да се посветат на скрининг програмата. Директорот Клековски го спомна како пример, превенцијата на карцином на грло на матката, како една од основните превентивни програми, и ќе кажам која е предноста и придобивката на целокупниот здравствен систем, односно и на економијата во нашата држава.“, нагласи директорката и доктор Алексиоска Папестиев и додаде:
„Значи со превенција, вие превенирате непотребен трошок за третирање на хронични и онколошки заболувања, а јас како менаџер на Клиниката за гинекологија и акушерство, можам да кажам дека најголемиот товар, оди толку на онколошките пациенти кога ќе дојдат до третман и штета е ако нештото може да се превенира, да дојде до овој непотребен трошок. Како и на предвремено родените дечиња коишто исто така се превенираат во примарното здравство со навремено детектирање на инфекции коишто понатаму превенираат да не дојде до вакво нешто.“