Арифи: Нобеловата награда дополнителен импулс за ЕУ да го заокружи процесот на проширување

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2012 година за ЕУ ќе претставува дополнителен импулс за Брисел да биде присутна на Балканот и да го заврши процесот на пристапување туку и тие вредности да ги споделуваме што побрзо и формално заеднички.

- Нобеловата награда за ЕУ е една голема вест имајќи го предвид фактот дека ЕУ од своето формирање е еден концепт на единство и апсолутно го воздигнува разбирањето наместо недоразбирањето, мирот наместо нестабилноста и еднаквоста меѓу различните како еден битен принцип на своето работење. Со ориентацијата на проширување ЕУ, исто така, овозможи да биде катализатор на процеси, на реформи кај земји кои, исто така, имаа голема потреба од тоа. Сакам особено да честитам и да го изразам моето и задволството на сите граѓани затоа што сметаме дека ова ќе биде дополнителен импулст ЕУ да биде не само присутна на Балканот, да заврши процесот на пристапување туку и тие вредности да ги споделуваме што побрзо и формално заеднички, оцени вицепремиерката Арифи.