Честитка по повод рамазанските пости од премиерот Никола Груевски
ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИСЛАМСКАТА ЗАЕДНИЦА
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
-Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи
Почитуван Поглавар на Исламската заедница во Република Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи,
Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од името на Владата на Република Македонија со сета почит и искрени желби да Ви го честитам започнувањето на Рамазанските пости.
Светиот месец Рамазан за Вас претставува возвишение од добрина, многу духовност, радост и единство. Од овие причини, Ви посакувам наредните денови на пост и молитва да Ви донесат чиста мисла и добри дела, а тие да бидат стимул на толеранција, кон сеопшт напредок и разбирање, како во вашата заедница, така и во нашето заедничко општество. Тоа се вредности кои се потребни на секој човек и на секоја заедница, вредности кон кои мораме да се стремиме, да ги почитуваме и заеднички негуваме.
Испраќајќи ви најискрени честитки, Ви пожелувам радосни празнични денови, многу дарови, милост и проштевање во секој Ваш дом.
Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ