Каков е статусот на СЈО и продолжувањето на неговата работа?

Датум на поставено прашање: 
12.03.2019

 

Специјално обвинителство и капацитетот што е создаден во СЈО, треба да продолжи со работа, на чело со Катица Јанева и со целиот тим, вклучувајќи ги и истражителите и сите други во тимот кои создадоа едно трајно добро во РСМ, во јавно обвинителскиот систем на Република Северна Македонија. ВРСМ очекува дека низ разговорите во работните групи на политичките субјекти ќе се постигнат услови да се поддржи консензуално овој закон, тоа е обврска.