Во Србија министерот за полиција Небојша Стефановиќ коментираше за некакво македонско сценарио, како ги коментирате изјавите на српскиот претседател Вучич во однос на можна вмешаност на луѓе од државата на тоа што се случи во Србија?

Датум на поставено прашање: 
19.03.2019

Демократијата треба да се развива и зајакнува во земјите од регионот, а за таа цел неопходни се дијалог, посветеност и конструктивност од страна на властите, опозициите и граѓанските општества. 
Сите работиме за исти цели: мир, просперитет, подобар живот за граѓаните, зајакната регионална соработка и забрзани евро-интеграции.
Насилствата никогаш не може да донесат решенија, таквите дејствија штетат на демократијата и на напредокот. 
Северна Македонија и Србија се пријателски земји, нашите народи се пријателски и ние постојано ја унапредуваме меѓусебната соработка и почитувањето.