Брифинг со медиуми на тема „Преговарачка структура за процесот на скрининг и преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија“

Во среда, 10 јули 2019 година, со почеток во 13:00 часот, во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија, Бујар Османи, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, главен политички преговарач и шеф на државната делегација за преговори со Европската Унија и Бојан Маричиќ, посебниот советник на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за евроатлантски интеграции, заменик на главниот политички преговарач, главен технички преговарач и шеф на техничкиот преговарачки тим за преговори со Европската Унија ќе одржат формален брифинг на кој ќе информираат за „Преговарачка структура за процесот на скрининг и преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија“.

Календар Влада: 
E mërkurë, Korrik 10, 2019 - 13:00 to 14:00