Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денес го отвори и водеше шестнаесетиот состанок на главниот координативен кризен штаб.
Покрај реферирањето на Центарот за управување со кризи и ресорните министерства, се реферираа заклучоците и препораките од Комисијата за заразни болести како и актуелните состојби поврзани со коронавирус, вклучително и координација на активностите на ресорните министерства во справувањето со пандемијата.
На состанокот присуствуваа и Дирекцијата за заштита и спасување како и претставник кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.
Врз основа на дискусиите, утврдени се насоки кои ќе се усвојуваат на тековната денешна седница на Владата на Република Северна Македонија.