Потврдени 66 нови случаи на КОВИД-19 - вкупно во земјата 974 дијагностицирани пациенти, починато е 1 лице - оздравени се 12 пациенти

Министерството за здравство информира дека за пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на КОВИД-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот. 

Согласно конечната потврда за присуство на КОВИД-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на КОВИД-19. По градови:

- Скопје 10
- Куманово 27
- Штип 3
- Прилеп 4
- Тетово 5
- Струга 6
- Велес 2
- Охрид 3
- Гостивар 1
- Кочани 3
- Неготино 2

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Досега по градови потврдени случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

- Скопје 339
- Куманово 262
- Дебар 49
- Штип 31
- Прилеп 89
- Тетово 43
- Струга 49
- Велес 36
- Битола 9
- Охрид 7
- Кавадарци 3
- Гостивар 10
- Гевглелија 4
- Струмица 2
- Крива Паланка 4
- Радовиш 4
- Крушево 3
- Кочани 25
- Пробиштип 2
- Кичево 1
- Неготино 2

Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. Преку ИЈЗ - 310 , преку Ветеринарен факултет - 24, Авицена - 24 , Биотек - 24 и Филип Втори (Жан Митрев) - 118. Досега во земјата се направени вкупно 9.762 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хопситализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика.
Во битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.

Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.