Се одржа 26 главен координативен кризен штаб 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, денеска преку онлајн алактка за комуникација го водеше 26 главен координативен кризен штаб на кој се дискутираа последните информации поврзани со актуелните случувања околу пандемијата како и за претстојните мерки за превенција и заштита од коронавирус.

Состанокот се одвиваше во присуство на Дирекцијата за заштита и спасување, преставникот на ЗЕЛС, Центарот за управување со кризи кои ги споделија последните информации од своите институции како и ресорните министерства кои реферираа за актуелните мерки кои Владата ги имплементира во насока на заштита и превенција од ширење на коронавирус.