![](https://vlada.mk/sites/default/files/img/2020/04/24/21160_vlada.mk.jpg)
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје - 15, Прилеп - 6, Велес - 3, Кочани - 2, Пробиштип - 1 и Штип - 7.
На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април.
Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје - 11, Куманово - 2, Тетово - 3, Струга - 6, Битола - 1, Гостивар - 1, Виница - 1 и Неготино - 1. Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.326.
По завршување на епидемилошките анкети, од вчерашната евиденција едно лице од Гостивар е жител на Тетово, а едно лице од Кичево е жител на Скопје. Согласно ова последната дистрибуција по градови е:
- Скопје 451
- Куманово 355
- Дебар 51
- Штип 34
- Прилеп 131
- Тетово 69
- Струга 61
- Велес 62
- Битола 18
- Охрид 15
- Кавадарци 5
- Гостивар 14
- Гевгелија 4
- Струмица 2
- Крива Паланка 5
- Радовиш 4
- Крушево 3
- Кочани 28
- Пробиштип 2
- Кичево 2
- Неготино 4
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 2
- Пехчево 1
- Валандово 1
- Виница 1
Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Преку ИЈЗ - 233, преку Ветеринарен факултет - 12, Авицена - 15, Биотек - 52, Филип Втори (Жан Митрев) - 76, Систина со PCR метода - 16 и МАНУ - 4. Досега во земјата се направени вкупно 14.057 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 3 пациенти, а хоспитализирани вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се 6, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се 6 пациенти, а 7 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Штип болнички се лекуваат 3, а на домашно лекување уште 15 пациенти.